Ученици украсуваа велигденски јајца во Кавадарци
- Ученици украсуваа велигденски јајца во Кавадарци, во пресрет на големиот празник Велигден и почитување на традицијата. Настанот беше во организација на Дом на култура ,,Иван Мазов-Климе".
![Ученици украсуваа велигденски јајца во Кавадарци](https://new.mia.mk/images/20221113114210_big_730x400_45.webp )
Кавадарци, 21 април 2022 (МИА) - Ученици украсуваа велигденски јајца во Кавадарци, во пресрет на големиот празник Велигден и почитување на традицијата. Настанот беше во организација на Дом на култура ,,Иван Мазов-Климе".
![1650534790420](/articles/images/%d1%83%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d1%83%d0%ba%d1%80%d0%b0%d1/DnXjKgDnr/placeholder.webp?use_watermark=0)
-Користејќи ја својата креативност и различни материјали, бои и хартија, основци од нашиот град, под на менторство наставниците Горан Боев и Кире Јошев, изработија прекрасни креации, појасни Владимир Темков, академски сликар и вработен при кавадаречкиот културен дом.
Тој додаде дека со овој настан, Домот на културата ја продолжува долгогодишната пракса за одбележување на овој христијански празник.
-На денешниот настан се приклучија и ученици од Португалија, Данска и Бугарија, кои беа гости на работилницата при домот, ,,Театар сенки", а под менторство на Милка Мркева од Оновното училиште ,,Гоце Делчев".свд/сх