• петок, 28 јуни 2024

УХМР: Утре повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови

УХМР: Утре повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи,
особено во источните делови од државава. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме, информираат од УХМР. 

Минималната температура ќе биде од 13 до 21, а максималната од 23 до 33 степени.

УХМР најавува дека за време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а повторно дестабилизирање се очекува од вторник. дма/аа/

Фото:МИА архива

Остани поврзан