• четврток, 13 јуни 2024

УХМР: Нестабилно време со пороен дожд и грмежи во четврток и петок

УХМР: Нестабилно време со пороен дожд и грмежи во четврток и петок

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре во ноќните часови и во петок, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, соопшти УХМР.

Во Скопје утре во ноќните часови и во петок, особено претпладне, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и со услови за краткотрајно невреме.са/

Фото:МИА

 

 

Остани поврзан