• понеделник, 15 јули 2024

Утре ќе се прска против комарци во Скопје

Утре ќе се прска против комарци во Скопје
Скопје, 28 април 2022 (МИА) - Градските власти ги известуваат граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против ларви од комарци, ќе се изврши утре во раните утрински часови. - Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од прес-службата на Град Скопје. Оттаму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. фф/сп/

Остани поврзан