• недела, 14 декември 2025

Утре сончево и многу топло

Утре сончево и многу топло

Скопје, 6 јуни 2025 (МИА) - Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во југоисточните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во недела ќе се задржи сончево и многу топло време. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Кон средината на седмицата ќе има локална појава нестабилност со пороен дожд и грмежи. сст/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан