• понеделник, 01 јули 2024

Утврден текстот на Предлог законот за правда за децата 

Утврден текстот на Предлог законот за правда за децата 

Скопје, 12 декември 2023 (МИА) - Предлог - законот за правда за децата, чиј предлагач е Министерството за правда, утврден е на седница на Влада.

-Основната цел на законот е остварување на најдобриот интерес на детето. Со него се врши  усогласување со директивите на ЕУ што се однесуваат на процедурална заштита на децата кои се осомничени или обвинети во кривичната постапка и за утврдување минимални стандарди за правата, поддршката и заштитата на жртвите на криминал, се наведува во денешното соопштение од Министерството за правда.

Со законот, како што посочуваат од Министерството за правда, се овозможува воедначување на системот на правна помош спрема дете во сите одредби на Предлог на законот, се зајакнува заштитата на децата жртви и сведоци во кривичната постапка, се внесуваат процедурални одредби во однос на текот на судската постапка спрема дете и главниот претрес, се зајакнуваат механизмите за превенција на детското престапништво на локално и централно ниво, како и институционално, материјално и функционално зајакнување на Државниот совет за превенција на детското престапништво.

-Основна карактеристика на законот за правда за децата е воведувањето и уредувањето на ресторативна правда, односно вонсудските постапки за дејствие на дете што со закон е предвидено како кривично дело или прекршок, се наведува во соопштението.

Значајна новина со овој закон, како што информираат од Министерството за правда, е уредување на правото на обештетување на дете жртва.

-Согласно став 1 од член 151 од овој закон, се утврдува дека заради обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно насилство, се издвојуваат средства во рамките на буџетот на Министерството за правда. Министерот за правда, по претходно прибавено мислење од Државниот совет за превенција на детско престапништво, донесува годишна програма со која ги планира изворите и начинот на трошење на средствата, се анведува во соопштениетот од Министерството за правда. дма/цр

Фото:МИА архива

Остани поврзан