• петок, 22 ноември 2024

Усвоен во прво читање законот за гаранции за имунитет на поранешниот претседател на Русија

Усвоен во прво читање законот за гаранции за имунитет на поранешниот претседател на Русија
Москва, 17 ноември 2020 (МИА) - Државната дума на Русија денеска го усвои во прво читање нацрт-законот за гаранции за имунитет на поранешниот претседател на Русија и неговото семејство. Предлог-законот предвидува поранешниот шеф на државата да има имунитет по истекот на мандатот - да не може да биде уапсен, доведен во кривична или административна одговорност, ниту притворен, претресен или испрашуван. Неповредливоста се однесува и на станбените и канцелариските простории на поранешниот претседател, возилата што ги користи, комуникациската опрема и документите што му припаѓаат, пренесува агенцијата РИА Новости. Исто така, се предлага да се пропише дека Советот на Федерацијата може да му го одземе имунитетот на поранешниот претседател само врз основа на обвинение на Државната дума за предавство или сторено друго тешко кривично дело, што мора да биде потврдено со заклучок на Врховниот суд за постоење знаци на кривично дело во постапките на поранешниот шеф на државата и заклучокот на Уставниот суд. Одлуките за подигнување обвинение и одземање на имунитетот на поранешниот претседател мора да бидат донесени со двотретинско мнозинство од претставниците на двата дома на рускиот Парламент. паг/

Остани поврзан