• понеделник, 23 декември 2024

Усвоена одлуката на Советот на општина Центар за прифаќање донација до семејството на писателот Горан Стефановски

Усвоена одлуката на Советот на општина Центар за прифаќање донација до семејството на писателот Горан Стефановски
Скопје, 18 април 2021 (МИА) - Советниците на последната 63. седница на Советот на Општина Центар ја усвоија Одлуката за прифаќање донација од семејството на писателот Горан Стефановски и на Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан Стефановски. Во знак на сеќавање на доајенот на македонската современа книжевност, семејството Стефановски ќе ја подари скулптурата на Општина Центар, со цел да се реализира Одлуката за подигнување спомен-обележје на Горан Стефановски, што Советот на Општина Центар ја донесе во месец февруари 2019 година. Скулптурата е изработена од скулпторот Стивен Мелтон и излеана во бронза во леарницата Spaser во Маргејт, Англија, а ќе биде поставена во Дебар Маало во паркчето спроти општинските бараки, веднаш до чинарот, кое за роденденот на Стефановски на 27 април беше засадено во знак на негово сеќавање. Општина Центар секоја година со пригоден настан го одбележува роденденот на писателот Горан Стефановски, како дел од општинската Програма за култура, со исклучок на минатата година заради пандемијата на Ковид-19. ац/

Остани поврзан