УНИЦЕФ: Еден милион деца во Појасот Газа се мачат да преживеат
- Фондот за деца при Обединети нации (УНИЦЕФ) денеска соопшти дека во Појасот Газа еден милион деца се мачат да преживеат и оти во енклавата нема доволно чиста вода

Њујорк, 17 март 2025 (МИА) – Фондот за деца при Обединети нации (УНИЦЕФ) денеска соопшти дека во Појасот Газа еден милион деца се мачат да преживеат и оти во енклавата нема доволно чиста вода.
- Еден милион деца во Газа нема основни животни средства и се мачат да преживеат. Стотици илјади немаат чиста вода ниту основни услови за хигиена, објави регионалниот директор на УНИЦЕФ во Појасот Газа, Едуард Бајгбедер на Икс.
Тој додаде дека водата е основно човеково прави и оти не смее да му биде ускратена на никого.
Бајгбедер истакна дека УНИЦЕФ и партнерите прават напори да ја достават потребната помош за спасување животи, но само трајниот прекин на огнот е тоа што спасува животи.
Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија за палестинската енклава на почетокот на март. ми/
фото: МИА архива