• понеделник, 04 ноември 2024

Умерен земјотрес регистриран на Алјаска

Умерен земјотрес регистриран на Алјаска
Вашингтон, 8 ноември 2020 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала регистриран е во областа Големо Езеро, северно од Енкориџ на Алјаска. Како што соопшти Американскиот геолошки институт по првиот уследил уште еден земјотрес со интензитет од 3,9 степени. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Не е издадено предупредување за појава на цунами. ми/

Остани поврзан