• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

УКЦ на Република Српска понуди помош за транспорт и лекување на повредени од пожарот во Кочани

УКЦ на Република Српска понуди помош за транспорт и лекување на повредени од пожарот во Кочани

Бања Лука, 17 март 2025 (МИА) - Универзитетскиот клинички центар на Република Српска се става на располагање да помогне во лекувањето на пациентите повредени од пожарот во дискотека во Кочани.

УКЦ на Република Српска соопшти дека во оваа прилика преку Амбасадата на БиХ во Северна Македонија понудиле да организираат транспорт со хеликоптери на Република Српска со неопходна медицинска придружба за двајца пациенти со тешки изгореници кои ќе се лекуваат таму.

Тие го изразија своето сочувство за болката на народот во Северна Македонија поради страшната трагедија што ги потресе како луѓе и медицински работници. зш/

Фото: МИА архива

Остани поврзан