• сабота, 02 ноември 2024

Украински власти: Пожар во 16-катна станбена зграда во Киев поради пад на остатоци од дрон

Украински власти: Пожар во 16-катна станбена зграда во Киев поради пад на остатоци од дрон

Киев, 2 ноември 2024 (МИА) - Изби пожар во 16-катна станбена зграда во Свјатошинскиот реон на Киев по пад на остатоци од дрон, соопшти денеска киевската градска воена администрација.

„Пожар избувна во 16-катна станбена зграда во Свјатошинскиот реон. Можно е горните катови да се делумно уништени“, се посочува во соопштението на администрацијата.

Жителите на зградата се евакуираат, изјави началникот на киевската градска администрација, Сергиј Попко.

- Засега е познато за еден повреден во станбената зграда во Свјатошинскиот реон, каде избувна пожар поради падот на остатоци од дрон. На повредениот му се пружа медицинска помош на лице место, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. ссм/

фото: архива

Остани поврзан