• петок, 05 декември 2025

Украина соопшти дека гаѓала воена и енергетска инфраструктура во Русија

Украина соопшти дека гаѓала воена и енергетска инфраструктура во Русија

Киев, 14 март 2025 (МИА) - Украина соопшти дека во текот на ноќта гаѓала складиште за ракети и две станици за компресија на гас во Русија, неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин изрази резерви за американскиот предлог за прекин на огнот во Украина, кој Киев го прифатил.

Украинската специјална служба (СБУ) објави дека нивните беспилотни летала погодиле „складиште на ракети за системите С-300/С.400“ во руската област Белгород, која граничи со Украина, кога била предизвикана експлозија.

СБУ, исто така, објави дека погодиле две станици за компресија на гас во руските региони Тамбов и Саратов, што се на стотици километри од линијата на фронтот, но се во дометот на беспилотните летала произведени од Киев како одговор на руските напади.

Оваа специјална операција на СБУ „го намалува финансискиот капацитет на војната против Украина и воениот потенцијал на руската армија“, се наведува во соопштението.

Вториот напад на Украина со беспилотни летала предизвика пожар во складиште за нафта во Туапсе, во југозападниот руски Краснодарски регион, изјави гувернерот Венјамин Кондратиев.

Во ова црноморско пристаниште е запалена цистерна со гориво, изјави гувернерот на каналот Телеграм и додаде дека пожарот зафатил површина од околу илјада квадратни метри и дека околу 100 пожарникари се испратени да го изгаснат.

Од друга страна, украинските воздухопловни сили соопштија дека Украина синоќа била цел на 27 руски експлозивни беспилотни летала, од кои повеќето наводно биле пресретнати.

Но, погодени беа и областите на Доњецк и Харков, низ кои минува фронтот.

Гувернерот на Харковскиот регион, Олег Синегубов, изјави дека во нападот е повредено едно лице.сд/

Руската војска соопшти дека во текот на ноќта пресретнала 28 украински беспилотни летала, од кои четири над московскиот регион и дека нема жртви или значителна штета.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан