• вторник, 27 август 2024

Украина произведе ново оружје

Украина произведе ново оружје

Киев, 26 август 2024 (МИА) – Украина соопшти дека произведе ново оружје со долг дострел, што ќе му овозможи да гаѓа цели на руска територија без барање дозвола од сојузниците.

„Палјаница“ има карактеристики на проектил и беспилотно летало. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пред два дена го потврди постоењето на „Палјаница“, нарекувајќи го „нова класа“ на оружје.

Палјаница е вид украински леб и збор што е тешко да се изговори и затоа се користеше за разоткривање на осомничените шпиони на почетокот на војната.

На 24 август кога се одбележуваше 33-годишнината од независноста на Украина од поранешниот Советски Сојуз, првпат беше употребено и новото оружје, чија цел беше руска воена инсталација на окупираната територија.

Украинската воена снимка сугерира дека нејзиното ново оружје има дострел до 700 километри и е на исто ниво со тактичките ракети испорачани од САД.

САД и другите западни сојузници и обезбедуваат на Украина оружје со долг дострел, но ја ограничуваат да го лансира длабоко во Русија поради страв од ескалација на војната. ми/

фото: Икс

Остани поврзан