Украина информира за шест убиени цивили во руските напади во текот на последните 24 часа
- Во извештајот на украинските власти се наведува дека четири лица се убиени во источниот регион на Харков.

Киев, 15 април 2025 (МИА) - Најмалку шест цивили се убиени во руските напади врз Украина во последните 24 часа, соопштија денеска украинските власти, пренесе ДПА.
Еден човек е убиен во јужниот регион Запорожје, напиша гувернерот Иван Федоров на каналот Телеграм, додека маж е убиен во Покровск, во соседниот Доњецки регион, што се наоѓа на само неколку километри од линијата на фронтот.
Во извештајот на украинските власти се наведува дека четири лица се убиени во источниот регион на Харков.
Во меѓувреме, во сите напади врз земјата за последните 24 часа се ранети уште околу 17 лица.
Од своја страна, руската војска објави дека соборила 115 украински беспилотни летала - од нив 109 над западниот пограничен регион Курск. Локалните власти во Курск соопштија дека дваесетина станбени згради се оштетени во украинскиот напад, пренесува ДПА.
Една 85-годишна жена загина, а девет лица се повредени, пренесоа утринава руските медиуми. сд/
фото: МИА архива