Украина вели дека само полноправното членство во НАТО е „вистинска гаранција за безбедноста“
- Украинските власти денеска повикаа за „целосно“ членство во НАТО како единствена гаранција за безбедност наспроти руската инвазија, пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.
Киев, 3 декември 2024 (МИА) - Украинските власти денеска повикаа за „целосно“ членство во НАТО како единствена гаранција за безбедност наспроти руската инвазија, пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.
-Убедени сме дека единствената вистинска гаранција за безбедноста на Украина, како и одвраќање за понатамошна руска агресија против Украина и другите држави, е полноправното членство на Украина во НАТО, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи во Киев. мс/
фото: МИА архива