Укината забраната за камиони на Плетвар
- Од 11:20 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар, информира АМСМ.
Скопје, 13 јануари 2025 (МИА) - Од 11:20 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар, информира АМСМ.
Од 11:00 часот е нормализиран и сообраќајот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, кој беше во прекин во двата правца поради излизгана машина за чистење на снег.
Од АМСМ соопштија и дека од 08:00 часот сообраќајот е во целосен прекин на патниот правец Крушево - с.Пуста река, поради големи наноси на снег на коловозот. сст/са/
Фото: МИА