• петок, 22 ноември 2024

УЕФА: Само капитените можат да комуницираат со судијата во еврокуповите

УЕФА: Само капитените можат да комуницираат со судијата во еврокуповите

 

Нион, 5 јули 2024 (МИА) – Капитените ќе бидат единствените играчи кои ќе можат да разговараат со судијата во клупските натпреварувања на УЕФА кои стартуваат идната недела, соопшти денеска Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Откако на Европското првенство во Германија воведе ново правило кое само на капитените им дозволива да можат да комуницираат со судијата, УЕФА сега го преслика ова правило и во клупските натпреварувања.

„Успехот на овој нов пристап на ЕВРО2024, кој актерите на играта го сфатија и го поздравија во јавноста како несомнен напредок за имиџот на фудбалот, ја зајакнува нашата увереност дека тоа е патот напред. Фер-плејот и почитта се вредности кои фудбалот како најпопуларна игра во светот, мора да ги пренесе на нашите општества. Почнувајќи од новата сезона на клупските натпреварувања на УЕФА која почнува следната недела, овој пристап ќе биде проширен на сите натпревари во натпреварувањата на УЕФА“, соопшти УЕФА.

Прв на европската сцена од македонските претставници ќе излезе шампионот Струга кој идната среда му гостува на Слован во Братислава во рамки на првото квалификациско коло во Лигата на шампиони. ег ФОТО: Икс

 

Остани поврзан