• понеделник, 23 декември 2024

УЕФА размислува да ги врати руските клубови на европските турнири

УЕФА размислува да ги врати руските клубови на европските турнири

Нион, 14 септември 2024 (МИА) - Претседателот на Рускиот фудбалски сојуз Александар Дјуков најави дека се водат преговори за враќање на руските клубови на европските клупски турнири и воопшто на натпреварувањата под покровителство на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Како што е познато, руските тимови не се дел од европскиот фудбал од крајот на февруари 2022 година, кога започна воениот конфликт во Украина, но тоа наскоро би можело да се промени.

-Во моментов имаме состаноци на кои се разговара за различни опции за враќање на земјата во европскиот фудбал. Верувам дека порано или подоцна тоа ќе се случи бидејќи се менуваат ставовите на другите федерации, изјави Дјуков за руските медиуми.

Тој не ја исклучи руската репрезентација да добие право на учество во квалификациите за СП 2026 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан