• петок, 22 ноември 2024

УЕФА одлучи: Репрезентациите на Евро 2020 со по 26 играчи

УЕФА одлучи: Репрезентациите на Евро 2020 со по 26 играчи
Нион, 4 мај 2021 (МИА) – Европската фудбалска федерација донесе одлука репрезентациите учесници на претстојното Европско првенство наместо 23 да однесат 26 играчи. - Со цел да се намалат ризиците на тимовите кои се соочуваат со недостиг на достапни играчи поради можни позитивни резултати од тестовите КОВИД-19 и следните мерки за карантин пропишани од надлежните органи, беше донесено одлука, да се зголеми списокот на играчи за сите тимови до 26 играчи. Сепак, 23 играчи е максималниот број на играчи што се дозволени на натпреварот за секој поединечен натпревар, вклучително и тројца голмани, се вели во соопштението на УЕФА. Европското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули. За првпат на еден евро-шампионат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација. зс/

Остани поврзан