У16: Стартна победа на македонските фудбалери на УЕФА развојниот турнир во Струмица
- Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во првиот натпревар од развојниот турнир на УЕФА што денеска почна во Струмица беше поуспешна од селекцијата на Северна Ирска.
Струмица, 15 април 2026 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во првиот натпревар од развојниот турнир на УЕФА што денеска почна во Струмица беше поуспешна од селекцијата на Северна Ирска.
Откако по 90 минути игра мрежите мируваа на двете страни, одлуката за победникот дојде по изведувањето пенали, а победата ја донесе Благојче Седлоски со прецизен удар од белата точка.
Според правилата на развојните турнири победникот на пенали освојува два додека поразениот еден бод.
Во текот на натпреварот гостите од Северна Ирска беа подобар противник, но не успеаја да реализираат неколку шанси за гол.
Македонската репрезентација имаше две можности да дојде до погодок, но Матеја Масев во првиот, а Адријан Велески во вториот дел биеја непрецизно.
Во вториот натпревар од УЕФА развојниот турнир, Македонија в петок ќе игра против Узбекистан. ег
ФОТО: ФФМ