ЕП2026: Македонските ракометарки во група со Норвешка, Романија и Швајцарија
- Македонската женска ракометна репрезентација ќе игра во групата Б на Европското првенство 2026 заедно со Норвешка, Романија и Швајцарија, одлучи жрепката вечерва во Катовице.
Катовице, 16 април 2026 (МИА) – Македонската женска ракометна репрезентација ќе игра во групата Б на Европското првенство 2026 заедно со Норвешка, Романија и Швајцарија, одлучи жрепката вечерва во Катовице.
За македонските ракометарки ова ќе биде деветти настап на континенталниот турнир, а трет во низа.
Европското првенство 2026 ќе се одржи од 3 до 20 декември.
Европската ракометна федерација организацијата им ја додели на Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција. ег
ФОТО: РФМ