• петок, 22 ноември 2024

УЕФА има намера ЕП да се игра во истите 12 града како што беше планирано

УЕФА има намера ЕП да се игра во истите 12 града како што беше планирано
Нион, 27 април 2020 (МИА) – Европската фудбалска федерација соопшти дека сите 12 града изразија подготвеност да бидат домаќини на Евро 2020 следната година и за тоа испратија потврда. - Се претпоставува дека Европското првенство 2020 ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули 2021 година. Имаме намера да го задржиме истиот распоред за игри и истите градови домаќини. Сепак, во оваа фаза, распоредот за натпревари сè уште не е официјално потврден. УЕФА е во контакт со сите 12 града по ова прашање, објави УЕФА. Неодамна се постави прашање до УЕФА дека претседателот на данската фудбалска унија, Јеспер Милер, се сомнева во подготвеноста на Копенхаген да биде домаќин на Еуро 2020, поради велосипедската трка Тур де Франс. Престижната велосипедска трка околу Франција, треба да стартува токму од данската престолнина Копенхаген, во време кога треба да се игра евро-шампионатот. зс/

Остани поврзан