• недела, 30 јуни 2024

УЕФА ги активираше мобилните апликации за преземање на билетите за ЕП

УЕФА ги активираше мобилните апликации за преземање на билетите за ЕП
Нион, 3 јуни 2021 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави информација до сите кои добиле код за купување на билети за Европското првенство дека веќе се активни мобилните апликации за влезниците на натпреварите. Билетите можат да се преземат преку App Store и Google Play. Европското првенство почнува на 11 јуни и на него за прв пат ќе учествува македонската фудбалска репрезентација. „Црвено-жолтите“ во Букурешт ќе играат со Австрија (13 јуни) и Украина (17), дека во Амстердам ќе се соочат со Холандија (21 јуни). зс/

Остани поврзан