• среда, 27 ноември 2024

Увид во градежните активности за изградба на фекална канализација во населбата „Градинар“

Увид во градежните активности за изградба на фекална канализација во населбата „Градинар“
Скопје, 24 јуни 2021 (МИА) - Течат градежните активности за изградба на фекална канализација во населбата „Градинар“, преку која отпадните вoди треба да се впуштат во изведените колектори за фекални води по булевар „Србија“ и покрај Усјанскиот канал, информираат од Општина Кисела Вода. Како што соопштуваат оттаму, градоначалникот Филип Темелковски и Претседателот на Совет, Дарио Шимиќ, денеска извршиле увид во работата на градежната фирма ангажирана од Општината, која од февруари работи на изведба на фекална мрежа во три крака во должина од 1.380 метри. - По завршувањето на трите приклучоци на постојната фекална канализација, се планира приклучување на секундарната канализација. Се работи согласно предвидената динамика и наесен, жителите на оваа урбана заедница ќе добијат подобри и подостоинствени услови за живот, стои во соопшението од Општина Кисела Вода. Дополнуваат дека работата продолжува со несмален интензитет и во сите други месни и урбани заедници на оваа територија и во таа насока, апелираат до граѓаните за трпение и зголемено внимание додека траат градежните работи, ископот и поставувањето на цевки и шахти. ар/сп/

Остани поврзан