• понеделник, 23 декември 2024

Уапсени тројца од осудените криминалци кои вчера побегнаа пред да бидат префрлени во затвор на островот Крит

Уапсени тројца од осудените криминалци кои вчера побегнаа пред да бидат префрлени во затвор на островот Крит

Атина,  8 февруари 2022 (МИА) - Грчката полиција на островот Крит доцна синоќа  уапси тројца од петмината осудени криминалци, кои побегнаа од полицискиот оддел за трансфери при судот во Ханија,  додека пак по другите двајца, потрагата продолжува, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека апсењето било во градот Ираклио на Крит, во организирана акција, а паралелно започната е и внатрешна процедура за пет полицајци од конкретниот оддел поради бегството на криминалците.

Тројца од полицајците привремено се суспендирани од работа.

Порталот „Кретапост’“ објави дека побегнале четворица албански државјани и еден Пакистанец, а уапсени се тројца од Албанците.

Според истите информации, Пакистанецот е осуден на три доживотни затворски казни за три убиства, на доживотна казна за кражба и убиство е осуден и еден од Албанците, двајца од Албанците се осудени за трговија со дрога и еден за кражба.

Криминалците во саботата биле пренесени во Ханија, а вчера наутро требале да бидат спроведени во затвор, но неколку часа претходно, под нејасни околности, успеале да побегнат. ср/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан