• среда, 15 мај 2024

Турско МНР: Треба веднаш да запре изградбата на нови домови за еврејските доселеници на Западниот Брег

Турско МНР: Треба веднаш да запре изградбата на нови домови за еврејските доселеници на Западниот Брег

Анкара, 7 март 2023 (МИА) - Одлуката на израелските власти за натамошно проширување на населбите на Западниот Брег се смета за продолжување на окупацијата на палестинските територии и мора веднаш да се запре, објави поранешниот портпарол на турското Министерство за надворешни работи Јончу Кечели на социјалната мрежа Икс.

„Планот одобрен на 6 март од израелските власти за изградба на речиси 3.500 домови на Западниот Брег претставува дополнително проширување на окупацијата на палестинските територии. Злосторствата на Израел мора да се дефинираат што е можно попрецизно за да се спречат натамошни прекршувања на меѓународното право“, напиша Кечели.

Според него, „не е доволно меѓународната заедница да ги нарекува окупаторските активности на Западниот Брег „нелегални населби“.

„Станува збор за насилна конфискација од страна на Израел на земји кои легално му припаѓаат на палестинскиот народ“, посочи дипломатот.

Изградбата на населби на Западниот Брег се смета за главна пречка за решавање на повеќедеценискиот конфликт меѓу Израел и Палестинците. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан