• понеделник, 23 декември 2024

Јерликаја: За шест месеци во Турција биле убиени вкупно 166 жени

Јерликаја: За шест месеци во Турција биле убиени вкупно 166 жени

Анкара,  12 јули 2024 (МИА) - Во првата половина на 2024 година во Турција се убиени вкупно 166 жени, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

„За жал, во 2023 година во земјава биле убиени 308 жени. Во првите шест месеци од 2024 година, 166 жени доживеаја слична трагична судбина, рече Јерликаја пред парламентарната комисија за родова еднаквост.

„Никогаш не сме прифатиле и нема да прифатиме насилство во каква било форма, особено врз жените. Сметаме дека и еден случај е целосно неприфатлив. Ги поддржуваме сите напори и иницијативи насочени кон решавање на овој сериозен проблем“, рече министерот за внатрешни работи.

Јерликаја истакна и дека се спроведени многу нови мерки во борбата против семејното насилство, вклучително и носењето електронски алки.

Тој најави дека бројот на полициски и жандармерски единици кои се занимаваат со насилство врз жените е зголемен на 1.287. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан