Турција најави производство на свој прв брз воз
- Турција ќе го произведе својот прв брз воз, а тестирањата ќе бидат извршени следната година, потврди турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.
Анкара, 9 септември 2024 (МИА) – Турција ќе го произведе својот прв брз воз, а тестирањата ќе бидат извршени следната година, потврди турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.
- Нашиот брз воз, кој ќе го произведува TURASAS (Турска железничка индустрија), ќе има максимална брзина од 225 километри на час. Ќе има осум вагони, со капацитет од 584 патници, рече Уралоглу.
Тој додаде дека по завршувањето на статичките тестови на фабриката „возот ќе биде ставен на шините“, јави Анадолија. јт/
Фото: Турасас