• недела, 22 декември 2024

Турција бара воведување санкции против Израел

Турција бара воведување санкции против Израел

Анкара, 15 октомври 2024 (МИА) – Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска изјави дека времето за дипломатија е завршено и дека треба да се воведат санкции кон Израел.

-Ги преминавме границите на зборовите, дипломатијата, политиката, стигнавме до крајот, ни требаат други инструменти, рече Фидан на конференцијата за иднината на Палестина во Анкара.

Турскиот министер додаде дека меѓународната заедница треба да преземе правни мерки, да го бојкотира Израел, кој повеќе не смее да добива никаква поддршка на ниту едно поле.

-Во спротивно, Израел ќе продолжи со геноцидот и масакрите во Газа, бидејќи во моментов не ја плаќа економската, политичката или воената цена, додаде турскиот министер, кој за време на конференцијата изрази загриженост дека меѓународното внимание ќе биде „одвлечено од Газа“ и би биле насочени кон израелските напади врз Либан.

Според него, и оние кои го поддржуваат Израел мора да платат цена, за да сфатат дека има граници на тоа што го прават.

Турција пролетта ги прекина најголем дел од своите економски врски со Израел, но дел од опозицијата ја обвинува дека продолжува да ја снабдува земјата со нафта во име на претходните договори.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан