• понеделник, 01 јули 2024

Турската фондација МААРИФ купи дел од студентскиот кампус на ФОН

Турската фондација МААРИФ купи дел од студентскиот кампус на ФОН
Скопје, 13 април 2021 (МИА) - Турската фондација МААРИФ купи дел од студентскиот кампус на Американскиот универзитет на Европа-ФОН, сопственост на компанијата ФИНЕ.
- Станува збор за аквизиција на повеќе од 10 000 квадратни метри простор што претставува почетна фаза во реализација на плановите за проширување на Меѓународните училишта „Маариф“ во Скопје, кои досега функционираа во Тетово, соопшти Фондацијата.
Договорот помеѓу ФИНЕ и МААРИФ го официјализираа Фијат Цановски од ФИНЕ и Селим Џерах, член на одборот на доверители на МААРИФ. хс/ац/

Остани поврзан