• среда, 26 јуни 2024

Тунелот Логара, еден од најголемите проекти во Албанија, ќе биде пуштен за сообраќај на 5 јули

Тунелот Логара, еден од најголемите проекти во Албанија, ќе биде пуштен за сообраќај на 5 јули

Тирана, 18 јуни 2024 (МИА) - Еден од најголемиоте јавни проекти во Албанија - Тунелот Логара во југозападниот дел од државата - што ги поврзува приморските градови Валона и Саранда, ќе биде пуштен за сообраќај на 5 јули.

Логара се наоѓа на околу 20 километри јужно од Валона и инвестицијата во него е вредна 142 милиони евра, и според албански медиуми - има директно влијание врз целата албанска економија.

Албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи објави фотографии од работата врз тунелот.

„Логара“ ќе има должина од близу 6 километри - Главниот тунел е широк 7,70 метри и висок 4,70 метри, со тротоари од двете страни со должина од по 1,17 метри и е опремен со вентилација, дренажен систем и систем против пожар и чад. вт/

 

 

Остани поврзан