• петок, 22 ноември 2024

Трудо: Не се обидуваме да ја испровоцираме Индија, но сакаме одговори за убиството

Трудо: Не се обидуваме да ја испровоцираме Индија, но сакаме одговори за убиството

Отава, 20 септември 2023 (МИА) - Канада не се обидува да ја испровоцира Индија со тоа што сугерира дека е поврзана со убиството на сепаратистичкиот водач на Сиките во Канада, туку сака Њу Делхи соодветно да го реши проблемот, изјави премиерот Џастин Трудо.

Тој објави дека канадските разузнавачки служби активно ги истражуваат наводите кои ги поврзуваат индиските агенти со убиството на Хардиб Синг Ниџар (45) во јуни во Британска Колумбија.

Индија брзо го отфрли тврдењето како апсурдно, велејќи дека ќе го протера канадскиот дипломат.

Трудо им рече на новинарите дека случајот има далекусежни последици за меѓународното право. „Владата на Индија треба да го сфати ова прашање со најголема сериозност. Ние го правиме тоа, не сакаме да провоцираме или да ескалираме“, рече тој.

Њу Делхи, кој ја повикува Отава да дејствува против антииндиските елементи, долго време не е задоволен од сепаратистичките активности на Сиките во Канада. Канада има најголема популација на Сиките надвор од Пенџаб. Околу 770.000 луѓе го навеле сикизмот како своја религија на пописот во 2021 година. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан