• понеделник, 01 јули 2024

Трудо: Канада ќе испрати уште една пратка воена опрема во Украина

Трудо: Канада ќе испрати уште една пратка воена опрема во Украина
Отава, 9 март 2022 (МИА) - Премиерот на Канада Џастин Трудо по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Отава ќе и испрати на Украина уште една пратка со високо-софистицирана воена опрема. - Разговаравме за санкциите против Русија и хуманитарната помош за Украина, напиша Трудо на Твитер. Тој додаде дека го поканил Зеленски да се обрати во канадскиот Парламент. ми/

Остани поврзан