• понеделник, 25 ноември 2024

Трудо ги повика Канаѓаните да го напуштат Либан

Трудо ги повика Канаѓаните да го напуштат Либан

Отава, 13 август 2024 (МИА) - Постои реален ризик од ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах поддржан од Иран, а Канаѓаните треба да го напуштат Либан додека можат, бидејќи Отава можеби нема да може да ги евакуира сите ако ситуацијата се влоши, рече премиерот Џастин Трудо.

-Гледаме дека ризикот од ескалација е реален, предизвиците во регионот се значајни. Ние правиме одредени подготовки за да можеме да обезбедиме поддршка во случај работите да станат многу, многу полоши, но ситуацијата е толку страшна што можеби нема да можеме да ги извлечеме сите Канаѓани, изјави Трудо пред новинарите во Онтарио.

Стравот од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток се зголеми откако на крајот на јули во Бејрут беше убиен командантот на либанското движење Хезболах, Фуад Шукр, а во Техеран беше убиен политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија.

Иран и Хезболах најавија дека ќе се одмаздат за тие напади, но тоа се уште не се оствари. Многу земји во меѓувреме ги повикаа своите граѓани веднаш да го напуштат Либан, а САД, најважниот сојузник на Израел, го зголемија своето воено присуство во регионот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан