• петок, 19 јули 2024

Трудо: Болничкиот систем може да колабира

Трудо: Болничкиот систем може да колабира
Отава, 21 ноември 2020 (МИА) - Канадскиот премиер Џастин Трудо предупреди дека болничкиот систем може да колабира бидејќи бројот на новозаболени може да се зголеми за четири пати до крајот на оваа година. Тој најави „затворање“ во најголемиот канадски градот Торонто. Трудо апелираше дограѓаните да останат дома колку што можат повеќе, бидејќи бројот на новозаболени постојано се зголемува. - Искрено кажано, нормална прослава на Божик не доаѓа предвид, рече Трудо. Тереза ​​Там, раководител на канадската служба за јавно здравје, предупреди дека дневниот број на нови инфекции може да достигне и до 60.000 ако не се почитуваат мерките за физичка  дистанца. Ситуацијата е „крајно сериозна“ и потребни се дополнителни мерки за да се избегне најлошото сценарио, предупредија канадските власти. Во Канада досега се потврдени 315.751 случаи на заразени и 11.265 смртни случаи кај пациенти со Ковид-19. паг/    

Остани поврзан