• четврток, 02 мај 2024

Тројца повредени откако возило излета од автопатот Тетово - Скопје

Тројца повредени откако возило излета од автопатот Тетово - Скопје

Тетово, 1 мај 2023 (МИА) - Возач и двајца сопатници се повредени откако со возило излетале од автопатот Тетово - Скопје денеска околу 14.55 часот. Несреќата се случи на влезот пред Тетово. 


-Во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Скопје -Тетово, пред влезот во Тетово, патничко моторно возило „бмв" со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(18) од тетовска Мала Речица, излетало од коловозот. По несреќата, возачот и двајцата сопатници, Е Ј.(21) и малолетник од истото село, се пренесени  во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. 

На местото на несреќата, во координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово. ас/хс/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан