• вторник, 05 ноември 2024

Тројца повредени во сообраќајка во скопско Влае

Тројца повредени во сообраќајка во скопско Влае

Скопје, 7 мај 2024 (МИА) - Три лица се повредени во сообраќајката, што утрово се случила на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Ангел Динев“ во скопската населба Влае.  

Како што информира МВР, сообраќајна несреќа во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје била пријавена во 2:25 часот. Во неа учествувале две возила, едното марка „шевролет“ управувано од 32-годишната Е.С. и автомобил „ауди“, кој бил управуван од 27-годишниот Б.А. од скопски Сарај.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., кои биле констатирани во Клиничкиот центар „Мајка „Тереза“.

Возачот на „аудито“ Б.А., според МВР, се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Со телесни повреди се здобил и неговиот сопатник И.А.(32) од скопското село Љубин. Тој, како што информираат од полицијата, бил пренесен во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. мд/лв/
 

Фото: МИА архива 
 
 
 
 

  

Остани поврзан