• понеделник, 23 декември 2024

Тродимензионални пешачки премини во Куманово

Тродимензионални пешачки премини во Куманово
Куманово, 30 октомври 2020 (МИА) - Во рамки на обновата на хоризонталната сигнализација во Куманово, почна исцртување на тродимензионални пешачки премини, кои ќе повидливи за возилата и придонесуваат за намалување на брзината. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски објави дека и во наредниот период ќе продолжат со поставување на ваква сообраќајна сигнализација. - За првпат во нашиот град започна исцртување на тродимензионални пешачки премини. Целта е учесниците во сообраќајот полесно да ја забележат и користат оваа сообраќајна сигнализација. Предвидено е вакви пешачки премини да има и на други локации во општината-напиша Димитриевски. Надлежните од општината за оваа дејност појаснуваат дека во наредниот период ќе бидат исцртани уште два вакви пешачки премини во централното градско подрачје, а наредната сезона ќе продолжат и на останатите улици. Обновата на хоризонталната сигнализација продолжи во приградските населби, откако заврши во централното подрачје. Во рамки на програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура во Куманово за тековната година, за хоризонталното обележување заедно со поставување на заштитни столбови од општинскиот буџет одвоени се 2,5 милиони денари. ам/ир

Остани поврзан