• недела, 22 декември 2024

Три дебарски каратистки првпат обезбедија учество на европско првенство

Три дебарски каратистки првпат обезбедија учество на европско првенство

Дебар, 12 ноември 2023 (МИА) – Три каратистки на дебарскиот карате клуб „Дибра“ обезбедија учество на европско првенство, откако на Playoff во Скопје освоија прво место.

Тоа се Ера Коџа која со златен медал се закити во категоријата У21-68 килограми, Гента Села, во категоријата У21-50 килограми и Сара Дука во категоријата јуниорки до 48 килограми.

- Трите наши каратистки покажаа одлична подготвеност и обезбедија учество на 21. Европско првенство за кадети и јуниори, што од 9 до 11 февруари следната година ќе се одржи во Тбилиси, Грузија. Ова е првпат нашиот клуб да учествува со тројца наши членови на европско ниво. Навистина радоста е огромна. Се гордеам со нив, рече за МИА, Дурим Пачуку, тренер.

Додава дека членови на клубот и до сега имаат многу забележителни успеси со учество на балкански и европски првенства, но ова е првпат учество на европско првенство со тројца претставници од Дебар.

Искажува голема благодарност до општина Дебар и градоначалникот Хекуран Дука за континуираната поддршка, без која не би можеле да се претстават на натпревари од Националниот и меѓународен карактер.

Успехот преку објава на Фејсбук им го честиташе Дука, посакувајќи им многу успех, гарантирајќи понатамошна поддршка. вт/ир

Фото: КК „Дибра“

Остани поврзан