• петок, 22 ноември 2024

Трипуновски: 8,2 милиони евра помал девизен прилив и 3,9 милиони литри помалку извезено вино во 2023 година

Трипуновски: 8,2 милиони евра помал девизен прилив и 3,9 милиони литри помалку извезено вино во 2023 година

Скопје, 22 март 2024

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку објава на Фејсбук соопшти дека Република Македонија има загуба од 8,2 милиони евра девизен прилив во 2023 година заради помалата извезена количина од 3,9 милиони литри вино во споредба со 2016 година.

Во прилог целата facebook објава на Трипуновски:

 Стоп на манипулациите на СДС  
Ова се вистинските факти за извозот на флаширано вино и вкупното производство на вино во Македонија  
 3,9 милиони литри помалку извезени количини во 2023 во споредба со 2016 Извор: ДЗС
 8,2 милиони евра помал девизен прилив во 2023 поради намалените извезени количини споредено со 2016 (согласно просечната извозна цена за 2023 година од 2,09 €/л)
 21,6 милиони литри помалку произведени количини на вино во 2022 во споредба со 2016 (Извор: ГЗИ 2022)

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/pfbid0sdYsVfsuprn9fmVDrhktAVN2S1DpTGNgpDxKHXyBUXN7iUNZwzLq1zc8fRyBHAFPl

 

Дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан