• понеделник, 15 декември 2025

„Трио Џентлмен“ настапи на „Кривопаланечко култуно лето“

„Трио Џентлмен“ настапи на „Кривопаланечко култуно лето“

Крива Паланка, 3 јули 2025 (МИА) - Македонски евергрини во изведба на оперските пејачи од „Трио Џентлмен“ синоќа беа на програмата на „Кривопаланечко културно лето“.

Кривопаланчани повторно дојдоа во голем број на градскиот плоштад и летната сцена и уживаа во маестралната изведба на вечните македонски хитови со концертот „Македонска евергрин рапсодија“. 

Настапот на професионалните оперски пејачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимаглоски – тенор беше уште една можност граѓаните да уживаат во квалитетна музичка вечер, во организација на Општина Крива Паланка, заедно со институциите од областа на културата: ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура, Крива Паланка.

„Кривопаланечко културно лето“ 2025 продолжува со две вечери посветени на најмладите, пантомима со Кирил Трајковски, вечрва, со почеток во 20 часот и 30 минути, утревечер на програмата е детскиот мјузикл „Шеќерна приказна“, претстава за слаткарот Марко, коларот  Ване и слаткото шеќерно дете во изведба на театарската продукција „Артленд Арт“ со авторска музика и текст, колоритната костимографија и сценографија.

Во сабота во ЛУ Гардски музеј Крива Паланка ќе се одржи спектакуларна изложба на ансамблот „Мањифико“ со над 240 експонати од гостувања по светот и од домашни концерти.

Сите настани од „Кривопаланечко културно лето“ започнуваат в 20 часот и 30 минути. ид/сст/


Фото: Општина Крива Паланка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан