• недела, 22 декември 2024

Тринаесет години од бродската несреќа во Охридското Езеро

Тринаесет години од бродската несреќа во Охридското Езеро
Охрид, 5 септември 2022 (МИА) - Тринаесет години од трагедијата на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија, се навршуваат денеска. Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Бродот „Илинден“ кој превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, како последица на механички дефект, претовареност и паника, се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“. Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица на Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица. Во чест на загинатите поставен е споменик во паркот кај каналот Студенчишта. сс/мд/

Остани поврзан