• петок, 22 ноември 2024

Триесет медали за македонската репрезентација во традиционално карате на турнир во Србија

Триесет медали за македонската репрезентација во традиционално карате на турнир во Србија

Крушевац, 27 февруари 2023 (МИА) – Македонските каратисти викендот на меѓународниот карате турнир во Крушевац, Србија, освоија вкупно 30 медали од кои 14 златни, 10 сребрени и 4 бронзени медали.

- Камелија Недев беше најуспешна со освоени 4 златни медали во кати, енбу, ката тим и џиу кумите тим и една бронзена во џиу кумите во категорија деца 10 години. Мила Младеновска во јуниорска конкуренција освои 3 златни медали во кого-кумите, фукуго и ката тим. Филип Недев освои 2 златни, 2 сребрени и една бронзена, Софија Јарчевска освои 2 златни и 3 бронзени медали, Матеј Мангаровски освои 3 златни и една бронзена и Георги Кокорманов освои 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзена. Исто така и останатите македонски натпреварувачи беа доста успешни, Мариастела Топалоска, Марта Димковска, Изабела Пренковска, Максим Поп Трпев, Срна Вапски, Ива Спасеновска, Марија и Ана Ѓуриќ и Марко Илиевски освоија повеќе медали во поединечна и екипна конкуренција, соопштија од МТКФ.

На меѓународниот турнир во Крушевац учествуваа над 600 напреварувачи од пет држави. зс/

Остани поврзан