• недела, 22 декември 2024

Притвор од 30 дена за тетовчанецот од село Стримница кој повреди соселанец

Притвор од 30 дена за тетовчанецот од село Стримница кој повреди соселанец

Скопје, 31 август 2024 (МИА) - Притвор од 30 дена му е определен на 36-годишниот тетовчанец од село Стримница кој со нож повреди соселанец. 

На 30 август во селото Стримница, пред угостителски објект на патот кон Желино, осомничениот се обидел да лиши од живот едно лице, така што го прободел со нож, нанесувајќи му убодна рана во градниот кош. Повредениот веднаш е однесен во Тетовската болница, од каде како итен случај е испратен во Клиничкиот центар во Скопје.

- На настанот претходела вербална расправија во дворот на џамијата по петочната молитва. Сега осомничениот за обид за убиство и неговиот татко го забележале нивниот соселанец кој имал  расправија со градоначалникот на Желино. Бидејќи знаеле дека нивниот сосед е агресивен, се доближиле да го смират за да не настане поголем проблем. Но, тој не се смирувал и физички ги нападнал, удирајќи го таткото на сега осомничениот во главата. Присутни лица ги раздвоиле, но подоцна пред угостителскиот објект се случил кривично правниот настан во кој сега осомничениот го прободел со нож соседот кој претходно се расправал во дворот на џамијата со градоначалникот и со нив, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Од СВР Тетово вчера информираа дека О.И. (36) од тетовското село Стримница се пријавил во Полициското одделение Групчин откако во угостителски објект во селото со остар предмет му нанел убодна рана на Ф.Б. (33) од истото место. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан