• сабота, 29 јуни 2024

Трет ден гори огромна депонија во Њу Делхи

Трет ден гори огромна депонија во Њу Делхи
Њу Делхи, 28 април 2022 (МИА) - Индиските пожарникари се уште се борат со огнот што избувна пред три дена на огромна депонија во Њу Делхи. Отпадот што гори е висок 60 метри, а густиот чад дополнително го влошува атмосферското загадување. Њу Делхи со над 20 милиони жители има потреба од современа инфраструктура за отстранување на секојдневните 12.000 тони отпад. Гаснењето на пожарот е отежнато и поради високите температури на воздухот. Индиските метеоролозите за денеска предвидуваат температурата на воздухот во Њу Делхи да се искачи и до 46 степени Целзиусови. Властите им препорачаа на чувствителните лица да останат во своите домови. бд/ми/ https://www.youtube.com/watch?v=8V7PgVeTnOE

Остани поврзан