Трета меѓународна изложба на расни кучиња во Куманово
- инолошкото друштво Кинолог од Куманово на 20 септември, годинава на терените на градскиот кеј во Куманово со почеток во 10 часот организира трета меѓународна изложба во убавина за сите видови на расни кучиња.
Куманово, 18 септември 2025 (МИА) - Кинолошкото друштво Кинолог од Куманово на 20 септември, годинава на терените на градскиот кеј во Куманово со почеток во 10 часот организира трета меѓународна изложба во убавина за сите видови на расни кучиња.
-Поканети се и оценувачи по раси и групи меѓународни реномирани судии од Македонија, Србија и Азербејџан и за првпат во Македонија ќе суди судија од Соедините Американски Држави, изјави денеска претседателот на Кинолог, Марко Митровски.
За најуспешните, како што кажа, се предвидени пригодни награди и пехари.
Од друштвото најавија дека ќе биде организирана и државна специјализирана изложба за расата Кавкаски овчар, во организација на Македонски Клуб за Кавкаски овчар.
Досега, како што посочија, се пријавени повеќе излагачи од земјава и Европа. Заинтересираните можат да се пријават на социјалната мрежа на Кинолошкото друштво кинолог Куманово. ам/вј/
Фото Кинолог