• понеделник, 23 декември 2024

Тренчевска: Работиме на унапредување на положбата на жената регистрирана земјоделка преку нови законски решенија, програми и мерки

Тренчевска: Работиме на унапредување на положбата на жената регистрирана земјоделка преку нови законски решенија, програми и мерки
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставниците на Националната федерација на фармери, која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки. Работна група во состав на претставници на министерствата за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, ФЗОМ, УЈП, ПИОМ и Правниот факултет-Скопје изминатиов период одржа повеќе работни состаноци на кои беа дискутирани можните решенија за овие важни прашања. Изминатиов период, министерката на повеќе наврати разговараше и со жените регистрирани земјоделки од Берово, Неготино, Ресен и други општини, соопштија од Министерството за труд и социјална политика. Министерката Тренчевска истакна дека отворениот дијалог и дебата води кон изнаоѓање на заедничко решение. Притоа, се осврна на досегашните активности кои се во насока на унапредување на положбата на жените од руралните средини. - Продолжуваме да креираме нови решенија и политики кои ќе значат дополнително унапредување на статусот  на жените од руралните средини особено на жените регистрирани земјоделки. Во новите законски решенија за работните односи и родовата еднаквост на кои во моментот работи министерството се вклучени најдобрите европски практики, рече Тренчевска. Таа се осврна на фактот дека нашата држава е претежно земјоделска земја и можностите за вработување во оваа дејност се големи. Токму затоа, креирањето на квалитетни државни политики и мерки за руралниот развој се од големо значење за луѓето кои живеат во руралните средини. Од Националната федерација на фармери информираа дека тие се активно вклучени и во подготовката на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост, со цел поддршка на маргинализираните лица во нашето општество, со акцент на лицата со попреченост кои доаѓаат од руралните средини. Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на досегашната соработка во насока на креирање на квалитетни законски решенија, програми и мерки од кои придобивка ќе имаат сите граѓани. рп/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан