• недела, 30 јуни 2024

Тренинг за едукатори за заштита на пештери и лилјаци во Националниот парк Галичица

Тренинг за едукатори за заштита на пештери и лилјаци во Националниот парк Галичица
Охрид, 20 април 2022 (МИА) – Во Едукативниот тренинг центар на Црвен крст Охрид, во Велестово се одржа тренинг за едукатори за заштита на пештери и лилјаци во Националниот парк Галичица. Тренингот, како што информира претседателот на охридскиот Црвен крст Сашо Точков,  бил организиран во рамките на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust - PONT и CEPF Mediterranean Basin Hotspot Program. - Тренингот беше тематски насочен кон градење на капацитети и вмрежување за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица. Предавањата беа реализирани од страна на искусни предавачи и експерти од областа на карстологијата, биодиверзитетот, педагогијата и искуственото учење, истакна Точков. Биле презентирани модулите и игрите за едукација за заштита на пештери и лилјаци, наменти за деца од градинки и од основни училишта, а учесниците ја посетија и пештерата на Галичица. сс/аа/

Остани поврзан