Трајков на работна средба со црногорскиот министер за правда Божовиќ
- На средбата, како што соопшти МЕП, се очекува да се дискутира за можностите за продлабочување на билатералната соработка преку заеднички иницијативи за реализација на проекти.

Скопје, 8 април 2025 (МИА) - Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска во просториите на Министерството за правда ќе оствари работна средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ.
На средбата, како што соопшти МЕП, се очекува да се дискутира за можностите за продлабочување на билатералната соработка преку заеднички иницијативи за реализација на проекти.
Трајков и Божовиќ предвидено е да разговараат и за евроинтеграциските процеси на земјите од Западен Балкан и да разменат искуства во однос на европските регулативи. дма/са/
Фото: МИА архива